На Олимписките игри во Токио за прв пат ќе учествува трансродово лице. Лорел Убард, која е родена како маж, со години се идентификуваше како жена и сега ќе се натпреварува против своите колеги во кревање тегови. Лорел ќе се натпреварува во категоријата над 87 килограми, најтешка во женска конкуренција.

Но, изненадува фактот што тој нема да биде фаворит во силната конкуренција. Како прв фаворит за златото се споменува Кинескињата Ли Венвен (21), која доминираше на сите натпреварувања во последните години.

Ли Венвен, која тежи дури 150 килограми, е млада и има само неколку големи натпреварувања зад себе, но во нив постави светски рекорд. Таа крена дури 335 килограми на Азиското првенство минатата година, што ниту една дама пред неа не можеше тоа да стори.

Натпреварот во кревање тегови на Олимписките игри се одржува во две дисциплини, а резултатите се собираат на крајот од натпреварувањето. Така, на азиското првенство, Венвен крена 148 килограми во кревање и 187 во фрлање, што е недостижен резултат за Убард. Ако натпреварувачката од Кина е во форма за време на Олимписките игри во Токио, златниот медал не треба да се доведува во прашање.

Откако Ли постави светски рекорд за јуниори во 2019 година, сите натпревари на кои учествуваше се нејзини. Таа беше двократен шампион на Азија (322 и 335 килограми), а на Светското првенство во Тајланд дигна 332 килограми пред две години.

Лорел Убард, кој се натпреваруваше со мажи до 2013 година, сепак има шанса за медали. Нејзините најнови резултати покажуваат дека би можела да биде конкурентна со другите најдобри кревачи на тегови.

Таа веќе учествуваше двапати на Светското првенство против жени и еднаш успеа да стигне до сребрениот медал. Вториот настап беше разочарувачки и тој доминираше во Пацифичките игри и во Океанија, каде конкуренцијата е многу послаба отколку што ќе се случи во Токио!

Лорел на 43 години ќе биде најстарата учесничка на натпреварот, а се пласираше во Токио пред две години. Сепак, таа мораше да почека на одлуката дали ќе и биде дозволено да се натпреварува.