Јосипа Лисац живеела со Карло 20 години, а како што вели, не се сеќава на ниту една нивна расправија. Се запознале во гратчето Петриња во 1971 година и од тогаш станаа неразделни. Се вљубија на прв поглед! Таа тогаш имаше само 21 година, а Карло беше доволно познат и настапуваше под уметничко име Мет Колинс. Јосипа има сè уште концерти ширум поранешна Југославија. Пред некои четири години настапи и во Скопје во Македонска филхармонија.

Музичарот Карло Метикош беше прв и единствен сопруг на славната пејачка Јосипа Лисац. По неговата смрт таа никогаш повеќе не се омажи, а немаше ниту деца. Метикош почина од срцев удар во сон на 10 декември 1987 година во Загреб. Неговата смрт влијаеше на понатамошната кариера на Јосипа. Иако само на кусо се повлече бидејќи сакаше во самотија да тагува, таа сепак не се збогуваше со естрадата. Уште посилна се врати, но со некоја неопислива празнина, како што и самата признаваше. Таа празнина ја надополнуваше секоја година со свој концерт посветен на Карло. Првиот таков концерт Јосипа го одржа во Ријека со учеството на Арсен Дедиќ и Дино Дворник.
Јосипа Лисац живеела со Карло 20 години, а како што вели, не се сеќава на ниту една нивна расправија. Се запознале во гратчето Петриња во 1971 година и од тогаш станаа неразделни. Се вљубија на прв поглед! Таа тогаш имаше само 21 година, а Карло беше доволно познат и настапуваше под уметничко име Мет Колинс.
Неколку години подоцна го создадоа историскиот албум “Дневник на една љубов“, кој во 1998 година беше на деветтото место во изборот на 100 поп и рок албуми во книгата “YU – 100: најдобри албуми на југословенската рок и поп музика“.

Во 1977 година, Јосипа и Карло заминуваат за Америка, ветена земја за успехот. Но успехот изостанува иако Јосипа таму сними неколку добри плочи. Се обидоа и од другата страна на Земјината топка во СССР со кој Јосипа беше воодушевена. Повеќе отколку со Америка. Јосипа ја опиша Америка како место на кое постојано некаде се брза, а животот во Русија и тогашниот СССР како многу романтичен.
Сепак, Русите не ја прифатиле нејзината песна, им беше тешка за слушање. Разочарана сакаше да се врати во Југославија, во Загреб, но Карло ја убеди да останат во Москва уште некое време. И останаа. Живееја луксузно како вистински тогашни југословенски богаташи. Се капеше дури и во шампањ наместо во вода, а од јадењата најмногу уживаше во кавијар. Јосипа и денес жали што нема деца.

Кога еднаш ја прашале за причините, таа скоро со солзи зборуваше дека е тоа затоа што не сакаше децата да и бидат запоставени поради нејзината музичка кариера. После толку многу години, Јосипа денес живее сама во Загреб. И има сè уште концерти ширум поранешна Југославија. Пред некои четири години настапи и во Скопје во Македонска филхармонија. Во приватниот живот таа никогаш не е сама. Има свој круг на добри пријателки со кои е често заедно. На секој концерт на Јосипа може да се слушне дека многу од испеаните песни се посветени токму на нејзината прва и последна љубов, на сопругот Карло. (Д.М.)