Уште три нови случаи се тестираат на корона вирус,Филипче бара  да се одложат сите јавни настани во земјава

607

Пациентката со корона вирус, која е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести во Скопје е во стабилна  и добра  здравствена состојба. Според министерот за здравство Венко Филипче таа е во фаза на опоравување, односно заздравување.

-Во домашна изолација се сите патници кои што комуницирале со заболената пациентка и сите се без симптоми на вирусот Ковид-19-вели министерот Филипче.

Но тој информираше дека има тројца нови сомнителни на корона вирусот и тоа еден од Струмица кој на 22 февруари пристигнал во земјава, а вчера  се пожалил на симтоми слични на грип.

Се тестираат и двајца бигарски државјани кои што се  на работа во фирма во Битола,а кои што патувале периодов во Италија.

Филипче информира дека ресорното министерство во консултации со Комисијата за заразни болести ќе и предложи на владата да донесе одлука  за една недела да бидат одложени сите јавни манифестации во земјава. Дел од нив се и карневалот во Струмица и Прилеп за прочка, како и неколку спортски натпревари што треба да се случат викендов.

 (В.Ма.)