Со само 37 000 жители, на површина од 160 квадратни километри, Лихтенштајн се вбројува во најмалите, ама и по многу нешта посебни држави на светот.

Државата Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има едвај неколку затвореници.

Секој кој е осуден на казна подолга од две години од во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку сигурно што мнозинството и не ја заклучуваат влезната врата.

Швајцарија во една пригода извршила инвазија на Лихтенштајн. Швајрцарските војници, 170 на број, наоружани со пушки, ама без куршуми, во текот на војна вежба случајно ја преминале границата. Една година подоцна, сите жители се канат на забава, односно на пиво во дворецот Вадуз.

Пред пет години можевте да ја изнајмите целата држава на една вечер. Имено, во соработка ербиенби сервисот понуден е простор за сместување на 150 гости, дегустација на вино со принцот и креирање персонализирани парични валути, со привремен карактер. Задоволството чинело 70 000 долари.

Химната на Лихтенштајн „Обем ам јунген Реин“, ја има сосема истата мелодија како химната на Велика Британија“, „Бог да ја чува кралицата“.

Официјален јазик во Лихтенштајн е германскиот, ама жителите речиси и да не го зборуваат. Повеќето од нив се служа со алеманското наречје, кое е различно од стандардниот германски јазик.

Сѐ до 1984 година, поради неуспех на три референдуми, жените во Лихтенштајн не можеле да гласаат на изборите. На референумот можеле да излезат само мажи, така што референдумот успеал дури од четвртото гласање, со 51,3 отсто гласови за.