Уште една несреќа во Хрватска – Германка го загуби животот во судар на два брода во Истра

941

Во судар на две пловила кај ртот Камењак на Истра, животот го загуби 44-годишна германска државјанка, соопшти хрватската полиција.

Едниот брод на кој биле шест лица потонал и при тоа загинала 44-годишната Германка. Друго повозрасно женско лице е пренесено во болницата во Пула.

И двата брода што се судриле во Истра биле во сопственост на германски државјани.