Уште една книгичка од Шарлота Бронте „се враќа“ дома, купена на аукција за 780 000 евра

230

На аукција во Париз е продадена минијатурна книга која Шарлота Бронте ја напишала како тинејџерка. Книгата достигна цена од 780.000 евра.

Музејот на сестрите Бронте успеал да дојде до книгата благодарение на кампања во која почитувачите на делото на познатите сестри биле повикани да донираат средства за „книгичките да се вратат дома“.

На високата цена на книжулето, веројатно влијаело и наддавањето на Џуди Денч, која е доајен на британскиот театар и почесен претседател на Друштвото Бронте.

Книгата со кафеави корици е со величина на кутија за кибрит, и нејзината содржина не е објавена досега.

Шарлота ја напишала книгата во 1830 година, кога имала 14 години.
Бидејќи е купена, набрзо ќе се најде во Музејот на сестрите Бронте, во Хаварт, Западен Јоркшир.

Ракописот има околу 4000 напишани збора и веќе еднаш се има најдено на аукција кога пред осум години го купи еден колекционер.

Содржината на книгичката се однесува на доживувањата на ликовите од Стаклениот град кој го измислиле сестрите Емили и Ен Бронте.

Инаку, самиот Музеј собрал 84.892 фунти, а целосната цена која е постигната на аукцијата, е овозможена со дополнителни средства од фондот основа токму поради откупувањето на мини книгата што ја напишала Шарлота.

Шарлота има напишано шест вакви книшки, и засега се собрани пет, кои се наоѓаат во Музејот.

Шарлота е позната по делата Џејн Ејр, Ширли и Професорот.