Уште еден хрвартски ракометар ќе заигра за македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер. Од наредната сезона во Битола ќе игра Јосип Божиќ Павлетиќ, кој доаѓа од германскиот Гепинген

-РК Еурофарм Пелистер од сезоната 2021/22 ќе биде посилен за хрватскиот интернационалец, Јосип Божиќ Павлетиќ. Десното крило на хрватската репрезентација и сезонава член на Гепингем потпиша договор на една сезона, со опција за уште една со битолскиот суперлигаш. Неговото доаѓање во Битола е голем чекор за клубот и уште едно репрезентативно име во ростерот на Жељко Бабиќ. Официјалното претставување на Божиќ Павлетиќ е закажано за почетокот на подготовките за следната сезона, се вели во клупското соопштение.