Уште еден трофеј за Меси

104

Аргентинскиот интернационалец од редовите на Барселона, Лионел Меси, е крунисан за најдобар стрелец во шпанската Примера дивизион за сезоната 2018/2019.

Ѕвездата на Барселона постигна 36 гола, убедливо повеќе од своите конкуренти – соиграчот Луис Суарез и напаѓачот на Реал (М), Карим Бензема кои постигнаа по 21 погодок.

Претходно, Меси трофејот Пичичи го освојуваше во 2010, 2012, 2013, 2017 и 2018 година. Капитенот на каталонскиот тим се изедначи со Телмо Сара, кој исто така шест пати беше најдобар стрелец во лигата (1945, 1946, 1947, 1951, 1953). По пет трофеи Пичичи имаат Алфредо Ди Стефано, Енрике “Кини” Кастро и Хуго Санчез.