Уште еден руски олигарх пронајден мртов, под сомнителни околности

802

Рускиот олигарх Александар Суботин починал овој викенд под мистериозни околности. Руските медиуми наведуваат дека Суботин умрел во куќа на некој шаман.

Суботин е поранешен извршен директор на руската нафтена компанија Лукоил и последен во низата руски олигарси кои починале под сомнителни околности откако почна руската инвазија на Украина.

Тој е пронајден мртов во подрумот на куќата на шаманот во Митишчија, град североисточно од Москва, откако, наводно, претрпел срцев удар, јави руската агенција ТАСС. Во меѓувреме е итворена истрага околу неговата смрт.

Рускиот милијардер, како што наведува изворот на ТАСС, отишол во куќата на шаманот во состојба на тешка опиеност откако конзумирал алкохол и дрога претходниот ден. Неговото тело е откриено во просторија во подрумот која, наводно, се користела за „јамајски вуду ритуали“, пренесуваат руските медиуми.

Локалните медиуми пишуваат дека Суботин отишол кај шаманот да бара лек за мамурлук во кој наводно имало отров од крастава жаба. Следното утро шаманите Алексеј Пинџурин и Кристина Теихриб го нашле мртов, се наведува во локалните извештаи.

Меѓутоа, сите овие тврдења немаат никаква потврда од полицијата и засега сите детали околу тоа што ја предизвикало смртта на суботи, остануваат непознати. Пред државните истражители брачната двојка шамани изјавиле дека Суботин им бил пријател и демантирале дека го подложувале на шамански ритуали за пари.

Руските власти покренале казнена истрага за смртта на Суботин во која се проверува и дали имало траги од дроги во неговата крв кога починач.

Смртта на Суботин доаѓа само неколку месеци откако Лукоил повика на брзо завршување на војната меѓу Русија и Украина. Лукоил е втора најголема руска нафтена компанија.

Суботин е еден во низата мртви олигарси, а листата на руски богаташи кои починале под нејасни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, е се поголем. Се појавија многу сомневања дека се работи за самоубиства и за убиства и самоубиства (покрај тројца мртви олигарси пронајдени се и телата на нивните сопруги и децата), туку дека всушност станува збор за ликвидации по налог на Кремљ кои се изведени така да изгледаат како да се работи за самоубиства, односно убиства и самоубиства во семејството.