Уште еден Коста во тимот

44

Бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Даглас Коста, е најновата желба на предводникот на шпанскиот гигант Атлетико (М), Диего Симеоне.

Иако има статус на стандарден првотимец се погласни се шпекулациите дека челниците на „старата дама“ размислуваат за продажба на поранешниот фудбалер на Баерн (М) и на Шахтјор од Донецк. Големата желба на аргентинскиот стручњак ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за Коста не биде помала од 45 мил. евра.