Крилото на Хјустон, Пи Џеј Такер се повлече од учество за САД на СП во кошарка во Кина. 34-годишниот Такер во последните неколку дена двапати го повредуваше левиот глужд и смета дека е подобро да се лекува за да биде целосно обновен за почетокот на сезоната во НБА.

Ветеранот на „ракетите“ беше најстар во изборот на Грег Поповиќ, а вкупниот број на играчи што останаа кај „јенките“ по неговото откажување се 14. Селекцијата на Соединетите држави треба да пријави 12 имиња за Мундијалот.

Американците вчеравечер ја совладаа Шпанија со 90-81, а денес ќе патуваат во Австралија, каде ќе имаат три пријателски натпревари. Поповиќ ќе ги објави имињата на неговите дванаесет избраници непосредно пред да заминат за Кина.