Училиште и куќи изгореа во конфликт меѓу Киргистан и Таџикистан

75

Повеќе од 10 згради изгореа во Киргистан, по воени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации на Киргистан.

– Во конфликтот на територијата на нашата Република, изгореа училиште, граничен пункт и неколку еднокатни објекти, се вели во соопштението на Министерството и се истакнува дека ова се само прелиминарни податоци.

Ситуацијата на границата меѓу Таџикистан и Киргистан, во близина на постројката за преработка на вода во Головној, ескалираше на 28 април, откако избувна конфликт меѓу жителите од двете страни на границата.

Еден ден подоцна, дојде до престрелка меѓу Киргистанците и таџикистанските војници, а обете страни пријавија повредени.

Официјален Бишкек наведува дека таџикистанската армија користела митралези и гранати за време на нападот, а Душанбе е обвинет дека сакал да ја преземе пречистителната станица.

Според Би-Си-Си, од почетокот на судирите загинале најмалку 13 лица а 10.000 се евакуирани.

Извор: МИА