Учењето на странски јазик ја зголемува мозочната маса

113

Учењето на втор јазик може да биде многу корисно хоби за нашето здравје, бидејќи поттикнува зголемување на мозочната маса. До ова сознание дошле група експерти од Универзитетот за медицина во Инсбрук, Австрија, кои се обидоа да откријат каков ефект има учењето странски јазик врз состојбата на мозокот, како кај луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза, така и кај здрави лица.

Во експериментот учествувале 22 лица кои поминале осумнеделен курс по англиски јазик, со тричасовно неделно присуство. Истражувањето не открило никакви разлики помеѓу двете студиски групи во однос на разбирањето на материјалот, течниот говор и бројот на научени зборови.

Секој учесник, исто така, бил подложен на магнетна резонанца пред и после курсот. Резултатите покажале дека во случај на лицата кои страдаат од мултиплекс склероза, забележано е зголемување на сивата маса во хипокампусот, што влијае на краткотрајна меморија, основната ганглија, која влијае на способноста за учење и парахипокампусот, што влијае на управувањето со просторот, додека кај здравите луѓе забележано зголемување на сивата маса во областите одговорни за когнитивна функција, самосвесност, контрола на емоциите и моторната функција.

Мултиплекс склероза се јавува помеѓу дваесеттите и педесеттите години. Тоа е автоимуно нарушување кое претставува најчеста хронична невролошка болест кај младите луѓе, според оваа студија.

Како што сугерираат експертите, можноста да се унапреди владеењето со втор јазик е позитивно искуство што може дополнително да доведе до успех во други полиња.

Ваквите резултати се ветувачки, особено за оние со мултиплекс склероза кои доживуваат загуба на сивата маса. Понатамошнте истражувања ќе појаснат како учењето странски јазик може да се користи како средство за подобрување на разни невролошки состојби.