Дома СВЕТ „Ученици шијат униформи за војниците во Украина“ – РУСИТЕ ОБЈАВИЈА ФОТОГРАФИИ

„Ученици шијат униформи за војниците во Украина“ – РУСИТЕ ОБЈАВИЈА ФОТОГРАФИИ

119
Фото: Twitter Francis Scarr

Градоначалничката на рускиот град Лабитанги објави фотографии за кои тврди дека ги прикажуваат учениците во училиштето како шијат униформи за војниците кои се борат во Украина.

Марина Трескова, градоначалничката на Лабитанги, на социјалните мрежи со фотографиите објави дека учениците шијат комплетни униформи за „воениот персонал во зоната на специјални воени операции и центрите за обука“.

Војната во Украина, која трае повеќе од 8 месеци и однесе десетици илјади животи, се уште во Русија официјално се нарекува „специјална воена операција“.