Ученици од ОУ „Ј.Х. Песталоци“ се претставија со орнаменти и честитки

283

Учениците од четврто одделение во Дневен престој во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ денеска во трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец, од 16 до 17 часот се претставија со новогодишен базар кој е дел од проектната активност „Од децата за децата“, во рамки на Проектот на УСАИД ,, Со читање до лидерство“ – Обука за креирање средина за учење „ Нашата училница – нашиот свет“.

Учениците на базарот заедно со наставничката Билјана Лукановска ги изложија своите ракотворби, новогодишни орнаменти и рачно изработени честитки. Финансиските средства од продажбата тие ги наменија за организирање на лотарија на учениците во дневен престој за четврто одделение и новогодишна забава во училницата.

– Целите и активностите на одржаните работилници со учениците, даваат можност за интегрирано целно и содржинско поврзување со наставните предмети: македонски јазик, англиски јазик, општество, музичко образование, ликовно образование, општество,творештво,математика и физичко и здравствено образование – вели Лукановска.

Фото:(Н.Б.)