Ученици од Естонија, Германија и Полска во посета на Општина Гази Баба

121

Ученици од Естонија, Германија и Полска и од ООУ „Крсте Петков Мисирков” кои се дел од проектот „Еразмус+“, ја посетија Општина Гази Баба.

Градоначалникот на Општина Гази баба, Борис Георгиевски информираше дека тие биле негови гости и  ги запознал со работата на Општината и со неговите активности како градоначалник.

-Среќен сум што се повеќе училишта и ученици од општината се дел одпроектот „Еразмус плус“ и што младите преку едукативни активности имаат можност да се запознаваат, да се дружат и да учат. Општина Гази Баба секогаш ги поддржува проектите кои ги обединуваaат младите како од општината и земјава, така и од странство. Како општина, значително ги подобривме условите во основните училишта, затоа што секој ученик заслужува добри услови во едукативниот процес-истакна Георгиевски.