Учениците од Карпош спортуваат и учат како правилно да се однесуваат

66

Во рамки на проектот „Спорт за развој – спорт за сите“ започнаа обуките со учениците од основните училишта од Општина Карпош во сферата на физичката култура.

– Најмладите стекнуваат и учат различни спортски вештини, имаат физичка активност, но учат и социјални вештини за правилно однесување во околината – велат од Општината кои проектот го спроведуваат заедно со здружението „ТАКТ“.

На спортско-рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“ учениците, поделени во тимови работеа со инструктор, при што, со различни реквизити совладуваа повеќе активности.

– Преку игрите, младите стекнуваат навика за тимска работа, го развиваат натпреварувачкиот дух, но и потребата од солидарност за да се совлада одредена пречка. Преку физичките активности, исто така, учениците сфатија дека физичката сила не е клучна за да се биде поуспешен од другиот, туку потребни се и стратешкиот пристап, логичкото размислување, одговорноста и вмрежувањето со другите чинители – сметаат општинските власти.

Локалната самоуправа, во соработка со граѓанските организации, продолжува да работи на развојот на младите луѓе и нивно поголемо вклучување во заедницата.