Ученик во Задар жигосал соученици со усташки симбол/Фото

113

Ученик во задарското Економско-биротехничко училиште, со вжештен предмет во облик на буквата “У“ жигосал соученичка и соученик. Сето ова се случило за време на школскиот час. Девојката претрпела две изгореници на раката, додека момчето на вратот.

На соученичката и рекол дека ова го направил бидејќи му било досадно и оти вака се шегувал, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

„Прво не смеев да и кажам на професорката што се случи, бидејќи една девојка од класот ми се закани дека ќе ме повреди и обеси доколку му кажам на некого. Кога дојдовме на часот по физичко, таму бев во облека со кратки ракави и професорката забележа дека имама изгореници на раката па ме праша што се случило. Тогаш и реков што се случи и сите заедно не испрати кај педагогот, кој ми ја намачка раката и ја повика класната“-  изјавила уплашената ученичка која била кај лекарката.

И било речено дека овој траг од жигосувањето ќе и остане засекогаш на кожата.

Со тинејџерката во училиштето дошол и нејзиниот татко Адем Шала, истакнат член на албанската заедница во Задар. Тој за сето ова ги известил медиумите.

Таткото на девојката раскажал за тоа што се случило.

„Полицијата е запознаена со случајот со оглед на тоа што училиштето ништо не презема. Тоа момче и претходно беше проблематично. Еднаш ја претепа мојата друга ќерка, која целата крвава дојде дома. Страшно е сето ова што се случува во училиштето, а никој ништо не презема. Ова е напад врз моите деца бидејќи се припадници на албанското малцинство. Затоа и ја втиснал буквата У и и рекол дека сега може да се фали дека е ’усташка’“ – изјавил таткото.