Ученикот од Пловдив направил бомба со 14 кг експлозив

206

По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на малолетниот џихадистот било училиште во Пловдив.

– Станува збор за дете – жртва, а не сторител на сериозен криминал. Тоа е лична трагедија, која, за среќа, не е развиена во голем обем,изјави заменикот главен обвинител Иван Гешев во врска со спречениот напад во Пловдив, јави БГНЕС.

– Некои прашања се однесуваат на секој од нас како родител во оваа земја. Овие проблеми мора да се решат и да им се спротивставиме како општество, додаде тој.

Гешов појасни дека во средата добиле дојава, од блиски на 16-годишното момче. Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање ДАНС информира дека станува збор за ученик, кој се радикализирал. Потоа е извршен претрес на две простории кои ги користело детето, кое инаку е ученик во елитна гимназија во Пловдив и е од добро ситуирано семејство. Гешов го оквалификува како „супер интелигентен“. При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД. Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со шајки. Супстанцијата за правење на таква бомба е употребено за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово. – Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја, истакна Гешев. Тој уште додаде дека ученикот бил врбуван од терористичката „Исламска држава“.

– На 16-годишно момче треба да му помогнат специјалисти во изолирана средина. Затоа воведовме мерка вчера, не заради кривична одговорност, детето да биде сместено во специјализирана установа, каде со него ќе работат специјалисти, психолози и психијатри, истакна бугарскиот заменик главен обвинител.