УХМР: Од утре попладне дожд со грмежи и силен ветер

88

Времето утре во претпладневните часови ќе биде сончево и особено многу топло на југот на земјата. Попладне и во текот на ноќта, а најпрвин во северните делови, облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ ќе биде 9, соопшти УХМР.

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за 5 до 8 степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се постепен пораст.