УХМР: Водостојот на реките под февруарскиот просек

56

Водостоите на сите реки, освен на Вардар, се под февруарскиот просек, покажуваат најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Нивото на Вардар на сите мерни станици е над просекот, освен на мерната станица кај Демир Капија каде е за 30 сантиметри пониско.

Под просекот за февруари скоро за трипати е нивото на реките Треска, Струмица и Сатеска, а за двапати е пониско нивото на Крива Река и Бабуна.

Кај езерата повисоко е нивото на Дојранското Езеро, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се движат околу просекот.