Поранешната УФЦ-шампионка, Џесика Андраде, отвори профил на друштвената мрежа за возрасни „Онлифанс“ каде се појавиле нејзини разголени фотографии. Со помош на оваа интернет-страница, кој често се користи за порнографија, ги покрила своите трошоци за тренинзи и тоа ѝ дозволило да се пресели во Лас Вегас.

Бразилката, која е поранешна шампионка во сламка-категорија, загуби од Валентино Шевченко во последниот меч во април, вели дека наместо да се срами од фотографиите, решила да се мотивира.

-Ги исплатив ратите за мојот автомобил и платив кирија за шест-седум месеци однапред во Лас Вегас. Не сум потрошила ништо од парите што ги заработив за последниот меч. Ги платив сметките во Бразил, му помогнав на моето семејство и на мојата сопруга Фернанда со тие пари. Луѓето мислат дека „Онлифанс“ е само порнографија, но не е само тоа. Тоа е платформа да си го покажеш секојдневието и јас сум многу задоволна, откри Андраде.