Најниски температури утрово се измерени во Берово -7 степени, во Крушево и Струмица – 3 степени и во Тетово, Штип и Демир Капија – 2 степени целзиусови. Во Скопје се измерени 0 степени на мерното место кај Петровец и 1 степен кај Зајчев Рид.

Највисока утринска температура од 5 степени целзиусови е измерена во Гевгелија и Дојран.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утрово во Крушево висината на снежната покривка изнесувала 1 сантиметар.

Во текот на ноќта времето било умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Изутринава е малку до умерено, а во јужните и северозападните делови и значително облачно.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и источен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.