Утре прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Центар

50

ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека, поради уличен дефект на булевар „Македонско Косовска Бригада“ бб кај Стовариштето, утре (среда), од 09:00 без вода ќе бидат корисниците од улиците „376“, „Самоилова“, „Банатска“, потоа Американската Амбасада, Турската Амбасада и „Јоаким Крчоски“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.