Утре и задутре посебен режим на сообраќај во градот

148

Утре и задутре во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.