Утре во Кривичен продолжува судењето за случајот „Шпански скали“

156

Утре во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за случајот „Шпански скали“. Јавното обвинителство за организиран криминал на 18 мај годинава започна постапка против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште десетмина лица за продажбата на државно земјиште во центарот на Скопје, за да се гради барокна 20-катница со таканаречени „Шпански скали“.

Станува збор за парцелата од 1.046 квадратни метри што сега е затревната површина на плоштадот „Македонија“, за која внукот на Мајка Тереза тврди дека е негова согласно тапијата која ја добил со наследно право. Ова земјиште во 2013 година тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, преку Министерството за транспорт и врски кога министер беше Миле Јанакиески, го продаде како државно земјиште на фирмата од Албанија „Амадеус груп“ за 1,5 милиони евра, за да се гради зградата.

(С.Бл.)