Утре блокада кај кружниот тек, кај црквата „Св.Петар и Павле“

475

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров ја потврдува најавената блокада против донесувањето на ДУП С3 15.

-Поради тоа што ДУП СЗ 15 во текот на вчерашниот ден е изгласан на седницата на Советот на општина Ѓорче Петров, како и поради тоа што министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски не се согласи со нашето барање за средба, ние како граѓанска иницијатива против урбаното дивеење, утре во 12 часот ќе организираме блокада кај кружниот тек, кај црквата „Свети Петар и Павле“-соопштија од Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров.

На прес конференцијата која тие ја одржаа вчера пред Министерството за транспорт и  врски истакнаа дека со овој план кој го опфаќа потегот спроти кружниот тек во Порта Влае – позади „Убац“ до Американ Констракшн и целиот дел спроти недоправениот трговски центар, како и самиот парк во Ѓорче, е предвидено да никнат 17 нови згради со висина до 33 метри со вкупна бруто развиена површина од 138.918 квадратни метри или околу 24.000 квадратни метри.

При тоа, овие згради во кои е предвидено да живеат 1.359 нови жители.

Како што истакнаа од Иницијативата против урбано дивеење, со овој план се отвора можноста и за градење на на спорната зграда во паркот „Ѓорче Петров“.

Тие наведуваат дека тоа е еден од 25 детални урбанистички планови во Општината што се замислени да поминат пред Советот за осум месеци.