Утре без струја делови од Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров

58

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја утре во период од 08:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Мите Богоевски“ лоцирани на потегот од раскрсницата со улица „Илија Димовски – Гоче“ до раскрсницата со улица „Архитект Сотир Томовски“ во општина Аеродром.

Во период од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Лазар Поп Трајков“, број 25 влез 1 и влез 2 во општина Гази Баба, во период од 08:30 до 16:00 часот корисниците од улица „Тодор Чангов“- краци – 41, 43, 45 и 47 во општина Аеродром, а во период од 10:00 до 12:00 часот корисниците од улиците „Андон Папрадишки“, „Александар Македонски“, „Кадињача“ и „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров.