Утре без вода неколку улици во Скопје

86

Поради дефект на улица „Димо Хаџи Димов“, број 64, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Жито Маркет до крстосницата со улицата „Божидар Аџија“, дел од улицата „Божидар Аџија“ и улицата „Михаил и Ефтихиј“.

Од  Регионален центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради замена на затворачи во резервоарот во Копаница, утре без вода ќе бидат и корисниците од населените места Копаница и Буковиќ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7:00 часот до завршување со работните активности.