Утре без вода корисниците од улиците „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ и „12 Македонска ударна бригада“

109

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради дефект на улицата „Горно Лисиче“ број 7, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ и „12-та Македонска ударна бригада“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.