Утре без вода дел од Љубанци

49

Поради дефект на улицата „7“, бб во Љубанци, во близина на автобуската постојка, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.