Утре без вода дел од општините Центар и Карпош

36

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека утре, од 09:00 часот, без вода ќе останат корисниците на Криви Дол, Момин Поток, дел од улицата „Скупи“, потегот од булеварот „8 Септември“ до булевар „Илинден“ и сите околни стопански објекти.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач (шибер) на булеварот „8 Септември“, на раскрсницата со улицата „Скупи“.

Корисниците ќе бидат без вода до завршување на дефектот.