Утре без вода  дел од корисниците на улица „Јордан Мијалков“

181

Поради изведување на водоводен приклучок на улица „Јордан Мијалков“, ББ, во текот на утрешниот ден прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од оваа улица.

Како што соопштуваат од РЦУК водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот се до завршување на активностите.