Утре без вода дел од Кисела Вода

68

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека утре, поради изведување на водоводен приклучок на улица „Мишко Михајловски“, број 28 во населбата Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица, дел од улица „Антон Попов“ и дел од „Дичо Петров“.

Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.