Уставниот суд ја разгледа иницијативата за застарување на предмети, одлука на една од наредните седници

84

Уставните судии на денешниот стручен колегиум ја разгледаа иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик кој се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службената должност и овластување.

Од Уставниот суд информираат дека мериторна одлука ќе биде донесена на една од наредните седници.

– На колегиумот се разгледуваше оформениот предмет по иницијативата У.бр. 106/2019, со која е оспорена опредбата од член 3535 став 5 од Кривичниот законик. На седницата на стручниот колегиум сите судии ги изнесоа своите размислувања за неколку важни и спорни прашања покренати на претходната седница. Уставниот суд ќе донесе мериторна одлука на една од наредната седници, се наведува во соопштението.

Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 ја поднесе адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.