Македонскиот пејач Бобан Цаневски, кој сигурно е веќе на врвот на топ листите ја преработи баладата „Љубена“ од репертоарот на легендарниот Тоше Проески. Оваа преработка, за која музиката во 2004 година ја направи маестро Симон Трпчевски, а аранжманот Живојин Глишиќ е снимена во Д.Р.Д. Медија. За песната Бобан сними и интересен спот.Верува дека баладата во неговата изведба на многумина ќе им се допадне, а се одлучи за песната од Тоше бидејќи за него има не само почит, туку и затоа што смета дека репертоарот на нашиот музички ангел е богата ризница за сите следни генерации пејачи. Цаневски во наредниот период ќе изненади и со уште некои нови проекти….. Д.М./фото:ФБ/