Успешно реализирана пролетната акција во Општина Сарај

33

Градот Скопје, заедно со јавните градски претпријатија и во координација со Општина Сарај, успешно ја реализираше големата пролетна работна акција на подрачјето на оваа Општина.

– Во рамките на акцијата во Општина Сарај, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“  ги искосија тревните површни и  вегетацијата од двете страни на патот што води кон селото Шишево, Долна Матка, како и главниот пат кон Матка. Во текот на работните денови се искосија зеленилото и јавната зелена површина и кај гробиштата. Екипите од Секторот дрвореди, согласно со издадените решија од Град Скопје, искастрија вкупно 15 дрвја на улицата „20“, број 4, во Општина Сарај – соопштија од Град Скопје.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа ударните дупки и поголемите оштетувања на улицата „Сарај“, со вкупна површина  од 18 квадратни метри.  Обновена е хоризонталната сигнализација со ноќното бележење на такси-станиците на оваа улица. Обележани се четири такси-станици со вкупно 16 такси-места. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија рачно и машинско метење и миење на улиците и на автобуските постојки во Општина Сарај.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ рачно чистеше шахти и сливници на улиците. Заловувачките тимови на ЈП „Лајка“ постапуваа на клучните локации, односно кај спортската сала и околу училиштето, кое е во близина, како и на паркингот на кањонот Матка. Јавното претпријатие „Дрисла“ ги примаше, складираше и ги депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што се собираа на територијата на Општина Сарај.