Успешна акција за крводарување во велешката касарна, собрани 24 крвни единици

32
Во организација на Општинската организација на Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Организациската единица во Велес, денеска во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ беше изведе успешна акција за крводарување меѓу припадниците на Армијата во која беа собрани 24 крвни единици. Како што вели за МИА д-р Кире Тодоров од Институтот за трансфузиона медицина-Скопје подрачно одделение во Велес, акција е успешна.

Припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон и овојпат ја покажаа својата голема хуманост и доброволно даруваа крв, да спасат нечиј живот, за што им искажуваме голема благодарност. Сите крвни единици ќе бидат однесени во Инститотот во Скопје и распоредени за потребите на болниците во Скопје и земјава, информира Тодоров.

Акцијата се изведуваше во согласност со сите препораки за заштита од Ковид,  потенцира Тодоров.

Оваа е втора годинашна  акција за доброволно дарување на крв  во велешкиот гарнизон првата, се изведе во јуни и тогаш беа собрани 25 крвни единици.
 

Инаку, Oпштинската организација на Црвен крст Велес во соработка со Здружението на граѓани „Велес бајкинг“, утре од 9 до 13 часот во Ликовниот салон во Велес  организира хуманитарна крводарителска акција, на која може доброволно да учествуваат сите заинтересирани граѓани и така ја искажат својата хуманост на дело.

Извор:МИА