Успешен и на македонската и на српската естрада: Кај Ѓоко Јовиќ ништо не е случајно

161

Ѓоко Јовиќ е популарен македонски пејач, со српско потекло. Но тоа не го намалува неговото значење и на македонската, но и на српската естрада. Тој и деновиве во времето на пандемијата реди музички успеси. На српскиот естраден пазар многу слушани му се песните: “Ти си моја жена”,”Парче неба” и ”Ми имали смо све”. Како што дознаваме, Ѓоле е најомилен меѓу женската публика, со оглед и на тоа што едно женско списание го прогласи за еден од петте најзгодни пејачи.

И ако е таква состојбата, Јовиќ нема за цел кариерата да ја гради во Србија, сепак повеќе е свртен кон своите македонски фанови. А, Македонците особено го сакаат со песната “Туѓина пуста далечина”. Ете, ништо не е случајно, впрочем како што пее популарниот пејач во една таква негова песна со токму таков наслов. (Д.М.)