Усвоен Законот за животна средина – се забранува тешка загадувачка индустрија на растојание помало од 5 км од населено место

362

Парламентарното мнозинство со 61 глас ЗА го усвои Законот за животна средина поднесен од пратениците Ненад Коциќ и Маја Морачанин.

– Со овој закон се забранува изградба на капацитети со тешка загадувачка Г1 индустрија, на растојание помало од 5 километри одалеченост од населено место или заштитено подрачје – информираат од ДОМ.