Усвоена Стратегијата со акциски план за развој на културата на градот за периодот од 2021 до 2030 година

34

Со 25 гласа „за“ и еден „против“ Советот на Град Скопје  денеска на76. седница ја усвои предлог Стратегијата со акциски план за развој на културата  на градот за периодот од 2021 до 2030 година.

Стратегијата содржи концепт на „солидарен децентрализиран развој“ кој е идејна основа на развој на оваа стратегија. Концептот на „солидарен децентрализиран развој“ во и преку културата се темели на основните принципи на оваа стратегија: солидарност, еднаквост, инклузивност, партиципативност, демократизација, пристап, слобода на изразување, унапредување на професионалните услови за работа и развој на креативните и социо-економски потенцијали преку културата.

-Стратегијата се стреми да направи промени во секторот култура во градот, во институциите, но и во Културно Креативниот Сектор (ККС), како и во општините и во секој дел од градот, преку вклучување и соработка со сите засегнати страни, не само преку изработката на оваа стратегија, но и во нејзино имплементирање, следење и оценување. Тимот на изработка на стратегијата предлага надворешен експертски тим да биде ангажиран од градот за следење и оценување на стратегијата, но и за нејзино адаптирање како што е предложено, стои во Стратегијата.

На денешната седница Советот на Град Скопје беа усвоени и плановите за вработување на јавните претпријатија и јавните установи за 2022 година, извештаите за работа на средните училишта на Град Скопје за 2021 година, информација за уписите во средните училишта на Град Скопје за 2021 година, како и програмите за работа на средните училишта на Град Скопје за 2022 година.

Седницата се одржа онлајн, а се дискутираше по 15 точки.