УСБ-то на Кичеец ќе го слушаат само судиите

33

Инаку денеска пред да се почнат да се емитуваат овие разговори Вилма Русковска заврши со изведување докази обезбедени преку ПИ мерки како и претставување на анализата на вештачењето на телефонската комуникација на обвинетите.

Иако и Катица Јанева и Боки 13 инсистираа разговорите да ги чуе и јавноста, обвинителката Русковска посочи дека со јавно емитување ќе се загрози угледот на лица кои се споменуваат во разговорите. Токму на ваквиот став реагираа обвинетите со објаснување дека при презентација на доказите кои до нив ги доставил бизнисменот Орце Камчев, на јавен линч биле изложени нивните семејства пријатели и блиски роднини.

Судот донесе одлука и го прифати предлогот на Русковска разговорите да ги слушнат само судиите и обвинетите.