Марк Закерберг, основачот на американската компанија која е најпозната по социјалната мрежа Фејсбук, а така и се викаше, реши да го промени корпоративното име, што го збуни целиот свет.

Цел свет „бруи“ за потегот на еден од најбогатите луѓе во светот, Марк Закерберг, кој, на сите им се чини, преку ноќ реши да го смени името на својата гигантска компанија Фејсбук, најпозната по истоимената социјална мрежа, чија популарност доволно е да се опише преку неговите корисници – дури 2,89 милијарди луѓе ширум светот.

Името на социјалната мрежа Facebook останува исто, додека пак компанијата Facebook има ново име и лого.

Веста за само неколку минути го обиколи светот, а на социјалните мрежи, особено на Twitter веднаш почнаа да се објавуваат шеги во врска со новото име на компанијата на Закерберг.

Екипата на Твитер е преполна со шеги, а луѓето му замеруваат дека новото име е здодевно.

Ова се само некои од најпопуларните објави на Twitter:

„Се вика Мета поради тоа што метастазирал и нè убива“.

„Го уништија реалниот свет, сега нека го уништат и мета-светот“.

„Сето ова се случило поради тоа што Закерберг не запознал девојка пред факултет“.

„Го променија името во Мета затоа што името Отров би била буквална мета“.