EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Патрик Беверли (34), пред околу еден месец, го напушти тимот на Лос Анџелес лејкерс. Како дел од размената, тој беше испратен во Орландо, па побара раскинување на договорот. Потоа реши да потпише со Чикаго, неговиот роден град. Имаше посебен мотив против Леброн Џејмс и „езерџиите“, дури со еден потег го понижи Кралот, па потоа даде изјава, која насмеа многумина.

По мечот, новинарите го прашаа за времето поминато во Лејкерс и зошто не остана таму подолго.

  • Јас сум лажица, и тренерот на Булс, Били Донован, ме користи како лажица. Во Лос Анџелес бев лажица, а ме користеа како виљушка – изјави Беверли.

Неговата изјава набрзо стана вирална на социјалните мрежи и насмеа многумина.

За време на мечот со Лејкерс, во еден момент, по еден кош, Беверли ја спушти раката на земја, го погледна Леброн и покажа дека „тој е премал“. На тој меч, кој го доби Чикаго со 118:108, Беверли даде 10 поени со 5 асистенции и 4 скока.

Булс и Лејкерс ќе одиграат уште еден натпревар од регуларниот дел на сезоната, на 30 март.