Норвешкиот шахист Магнус Карлсен уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Тој има неверојатни 111 одиграни партии без пораз, со што постави нов рекорд во непобедливост. Карлсен е светски шаховски шампион од 2013 година, а во 4. коло од турнирот во Холандија, ремизираше со домашниот натпреварувач Џордан ван Форест.

Претходниот рекорд од 110 партии без пораз го држеа Хрватот Богдан Лалиќ и велемајсторот Сергеј Тивјаков.