Илјада натпреварувачи учествуваа на традиционалната трка „HalkEco Скопје Трча“ која по пауза од една година поради пандемијата со коронавирусот, повторно се одржа во Скопје.

Организатори на овој спортски настан беа Сојузот на спортови на Град Скопје и Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт. Генерален спонзор на „HalkEco Скопје Трча“ годинава беше Халк Банка, која овој пат симболиката на 10 км трка ја поврза со одбележувањето на својот јубилеј – 10 години успешна работа на македонскиот пазар.

Најбрзи на трката беа Дарио Ивановскисо (29:05 минити) и Адријана Поп Арсова со време од 35:07 минути, со што ја потврдија  доминација во трчањето на долги патеки. Ивановски само пред еден месец го сруши државниот рекорд на 10 км стар 41 година, а на „HalkEco Скопје Трча“ 10КМ успе да го надмине веќе постигнатото најдобро време. Истото во женска конкуренција го направ и Поп Арсова.

Првите пет места во машка и женска конкуренција добија парични награди, а со дипломи и пехари беа наградени првите 3 места во возрасните категории – од 35 до 44 год, од 45 до 54 год и над 55. Исто така имаше награди и за најдобрите екипи.

Трката HalkEco Скопје Трча 10 КМ беше уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк АД Скопје која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа „HalkEco“

Платформата „HalkEco“ е  развиена од истоимената апликација која поттикнува негување здрав животен стил, намалување на емисијата на штетни гасови ЦО2 и создавање ново зеленило.  За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира ХалкЦоинс за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции. На овој начин секој корисник на апликацијата обезбедува и дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади. Халкбанк од почетокот на функционирање на апликацијата пред нешто повеќе од една ипол година има засадено и донирано над 25.000 садници во земјава.