Ураганот „Јанос“ не мирува: Цел град се претвори во езеро

309

Три лица настрадаa од последиците на „медитеранскиот ураган Јанос“, многу редок вид на бура која во текот на викендот зафати дел од Грција. Бурата Јанос корнеше дрвја и предизвика прекин на електрична енергија на Јонските Острови и во подрачјето на западен Пелопенез.

Потоа се прошири во централна Грција, погодувајќи главно подрачја околу градовите Кардица и Фарсале, а потоа го зафати и островот Крит. Експертите проценуваат дека на подрачјето на Кардица биле поплавени 5.000 куќи. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил помош од владата.

Бури како Јанос првпат биле забележани во Грција во 1995 година, но во последните години се сè почести. Слична бура ја погодила земјата во 2018 година. Во 2017 во поплавите смртно настрадале 25 луѓе, а стотици луѓе останале без домови.