Унгарија нема да го уапси Путин ако влезе во земјата

14

Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку сака да влезе во земјата, изјави денеска Гергељ Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека тоа нема да има правна основа.

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гуљас на брифингот рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем, пренесува „Ројтерс“.

„Мораме да се повикаме на унгарскиот закон, врз основа на кој не можеме да го уапсиме рускиот претседател, исто како што статутот на Меѓународниот кривичен суд не е прогласен во Унгарија“, рече Гуљас.