Унгарија се повлекува од Евросог бидејќи натпреварот е „премногу геј“?

215

Унгарија оваа година нема да учествува на Песна на Евровизија поради наводна поврзаност на тој музички натпревар со ЛГБТ културата, пишува британски „Гардијан“.

МТВА, меѓутоа, не наведе конкретни причини за откажувањето од учеството на Евросонг, туку во соопштението порача дека наместо тоа „директно ќе поддржи вредна музичка продукција на унгарски поп таленти“, пренесува Н1 повикувајќи се на НМЕ.

Унгарскиот портал „Индекс“, исто така наведе дека причината за повлекувањето е тоа што Песната на Евровизија е „премногу геј“, ама претставникот на владата Виктор Орбан одлучно ги демантира тие наоди, нарекувајќи ги лажни вести.

Меѓутоа, британските медиуми истакнуваат дека унгарскиот TВ коментатор Адраш Бенчик, коментирајќи ја одлуката на МТВА, ја нарече Евросонг „хомосексулна флотила“.

„Ја поздравувам одлуката и, од перспектива на менталното здравје, дека Унгарија не учествува во хомосексуалната флотила на кој се сведе овој меѓународен музички натпревар.

 

Многу млади луѓе мислеа дека тоа е нешто за помлади од 18 годиним ама на тој настан вкусот на публиката го уништуваат врескачки трансвестити брадести жени“, наведе Бенчик.