Унгарија е изземена од руските ограничувања за цената на нафтата

55

Унгарија доби изземање од ограничувањето на руската цена на нафтата предложено од Европската унија за време на преговорите во Брисел, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

На брифингот во Брисел, емитуван на неговата Фејсбук страница, тој рече дека врз основа на сегашниот предлог на ЕУ, испораката на нафта преку нафтоводите ќе биде ослободена од ценовните ограничувања, објави британскиот весник „Гардијан“.

Тоа значи дека доколку предложеното ограничување биде усвоено подоцна, тоа нема да влијае на Унгарија, посочи Сијарто.